Почина еден од творците на шампионската Ц. Звезда на Панчев и Најдоски!

Поранешниот југословенски репрезентативец и легенда на Црвена Звезда, Владимир Цветковиќ, почина на 84-годишна возраст.

Цветковиќ важи за еден од најдобрите кошаркари во историјата на Црвена Звезда и остави длабока трага и во југословенската кошарка. За репрезентацијата на Југославија настапи на 149 натпревари и постигна 1.276 поени. Во богатата репрезентативна кариера освои четири сребрени медали на големи натпреварувања на Светско првенство 1963, Светско првенство 1967, Летни олимписки игри 1968 и Европско првенство 1969.

Освен како кошаркар, Цветковиќ ќе остане запаметен и по својата улога во Црвена Звезда, каде како генерален секретар, заедно со Драган Џајиќ, беше еден од клучните луѓе во создавањето на генерацијата што стана европски и светски шампион, а во чии редови настапуваа две македонски легенди - Дарко Панчев и Илија Најдоски.

Неговото име засекогаш ќе остане дел од спортската историја на поранешна Југославија и Црвена Звезда.