• Саше Љолес
Славниот холандски фудбалер, Јохан Нескенс, почина во 74. година од животот, јавија повеќе европски медиуми.
Во минатото беше легендарен играч на Ајакс, Барселона и Њујорк Космос. Со Ајакс трипати беше европски шампион, а со репрезентацијата на Холандија двапати стигнуваше до финалето на Светските првенства, но ниту еднаш не ја освои титулата.
Многумина го сметаа за еден од најдобрите играчи на сите времиња, а неретко добиваше пофалби и од славни фудбалери како Пеле и Диего Марадона. Нескенс сочинуваше страшен тандем со славниот Јохан Кројф, со кого беа непобедливи под водство на тренерот Ринус Михелс.