Почина човекот кој ги водеше Платини, Тигана, Жирес... до европскиот трон

Мишел Идалго, некогашниот селектор на Франција, почина на 87 години и замина меѓу легендите.

Французинот неколку месеци се борел со болест и не успеа да ја добие битката. Семејството потврди дека смртта нема поврзаност со коронавирусот. Идалго почина во својот дом во Марсеј, само неколку дена откако го прослави роденденот.

Идалго како стратег негуваше офанзивен фудбал и важи за еден од најдобрите тренери во историјата на францускиот национален тим. Во 1982 година ја водеше Франција на Мундијалот, но испадна по пенали од Германија, а две години подоцна стана шампион на Европа.

Во 1984 година, „триколорите“ предводени од Платини, Тигана, Жирес... во финалето беа подобри од Шпанија.