• Саше Љолес
Поранешниот француски репрезентативец, Матје Валбуена, следната сезона ќе настапува за Б тимот на грчкиот Олимпијакос, соопшти клупската управа.
Четириесетгодишниот Валбуена беше дел од првиот тим од 2019 до 2023 година и освои титули во првенството и Купот, но сега е „прекомандуван“ во резервниот состав на грчкиот гигант.
Францускиот фудбалер ја започна кариерата во Либурн, а потоа настапуваше за Олимпик Марсеј, Динамо Москва, Фенербахче, Аполон Лимасол и Калитеа од Атина.
За репрезентацијата на Франција одигра 52 натпревари и постигна осум гола.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.

