ВИДЕО: Почетничка грешка на Мусакио, Баерн го искористи подарокот на римјаните

Баерн Минхен многу рано поведе на гостувањето кај Лацио и му зададе голем удар на домашниот тим.

Домашниот дефанзивец Матео Мусакио беше најзаслужен за водството на Баварците. Аргентинецот погреши катартрофално и му подари погодок на актуелниот бранител на титулата во Лигата на шампионите.

Сега работата за фудбалерите на Симоне Инзаги ќе биде двојно потешка, ако се земе предвид квалитетот на противникот предводен од Хaнси Флик.