ВИДЕО: Почетничка грешка на Ерaковиќ, Партизан го искористи подарокот во дербито!

По само пет минути во „вечното дерби“, резултатот веќе е отворен. Партизан поведе против најлутиот ривал, лидер и шампион во ЛингЛонг Суперлигата, Црвена Звезда. Во петтата минута Ерaковиќ грубо погреши, со неколку кратки пасови „црно-белите“ го освоија просторот, а младиот Филип Стевановиќ ја погоди мрежата на Борјан. 

  • Голот на Стевановиќ против Црвена Звезда: 

163-тото дерби се игра без присуство на гледачи на стадионот на Партизан. Црвено-Белите по десет кола имаат осум бода повеќе од тимот на Станоевиќ.