ПОЧЕТНИ СОСТАВИ: Вардар со Барсегјан и Вилијан Лира во Ерменија, Херанц меѓу резервите

Пред дуелот со ерменски Пјуник во рамките од првиот натпревар во првото квалификациско коло од Лигата на Европа, македонскиот вицешампион Вардар го официјализираше стартниот тим. Со тројца дебитанти, кои за прв пат ќе играат официјален меч во дресот на „црвено-црните“, Бабунски ќе излезе на мегдан на ерменскиот претставник во Лига Европа. 

На голот ќе биде Филип Гачевски, во одбраната Кристијан Тошевски на десната страна, Евгениј Новак и Горан Попов како стопери, и Коста Манев на левата бековска позиција. 

Кларенс Битанг, Дарко Мицевски и Бесар Исени ќе ја сочинуваат средината на теренот, со тоа што Битанг ќе биде малку поназад, односно како последен играч за врска. Во нападот на крилните позиции Матеј Цветаноски и Тигран Барсегјан како поддршка за најистурениот во Вилијан Лира. 

На клупата за резерви шанса за настап ќе чекаат Филип Илиќ, Тодор Тодороски, Николас Херанц, Али Адем, Филип Најдовски, Максим Максимов и Јакуп Бериша.