ПОЧЕТНИ СОСТАВИ: Супер-офанзивна Србија, Костарика без Кембел

Селекторите на Србија и Костарика ги отворија картите и го соопштија 11-мината со кои ќе истрчаат на денешниот меѓусебен натпревар во рамки од првото коло на групата Е на Светското првенство во Русија. 

Предводникот на нашиот северен сосед Младен Крстајиќ не направи некое поголемо изненадување во почетниот состав. Очекувано, во нападот прво име ќе биде Александар Митровиќ, а нему со топки ќе треба да го „хранат“ Љајиќ, Тадиќ, Матиќ и Милинковиќ-Савиќ. 

Оскар Рамирез пак, се одлучи на клупата да го остави поранешниот член на Арсенал, Џоеј Кембел, па нападот ќе боде предводен од капитенот Руиз и Ванегас. Мечот е закажан за од 14.00 часот, а ќе се одигра на „Космос Арената" во Самара. 

СП, Група Е
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 БразилБразил 3 2 1 0 5:1 4 7
2 ШвајцаријаШвајцарија 3 1 2 0 5:4 1 5
3 СрбијаСрбија 3 1 0 2 2:4 -2 3
4 КостарикаКостарика 3 0 1 2 2:5 -3 1