ПОЧЕТНИ СОСТАВИ: Симеоне му дава шанса на Лемар, Ливерпул без изненадувања

Атлетико Ливерпул

Последниот пат кога Ливерпул играше на „Ванда Метрополитано“, се израдува на титулата во Лигата на шампионите. Вечерва избраниците на Јирген Клоп се враќаат во шпанската престолнина за да се соочат со Атлетико Мадрид во осминафиналната фаза во Лигата на шампионите.

Тренерите на двата тима не направија големи изненадувања кога се во прашање почетните состави.

АТЛЕТИКО МАДРИД: Облак, Савиќ, Врсаљко, Фелипе, Лоди, Коке, Томас, Саул, Лемар, Кореа и Мората

ЛИВЕРПУЛ: Алисон, Александер-Арнолд, Гомез, Ван Дајк, Робертсон, Хендерсон, Фабињо, Вајналдум, Мане, Салах и Фирмино

Премиерлигашот важи за фаворит во двомечот, но никој не ги отпишува секогаш непредвидливите „јорганџии“.