ПОЧЕТНИ СОСТАВИ: Саутгејт со пет измени, Мартинез го лансира Тилеманс во малото финале

Поразените селекции во полуфиналето на Светското првенство во Русија, Англија и Белгија се наоѓаат пред последниот предизвик на Мундијалот.. Во Санкт Петербург двете европски репрезентации се подготвени за борба за бронзата.

Саутгејт ги внесе Роуз, Дајер, Лофтус-Чик, Делф и Џонс во стартниот тим, а Мартинез го враќа Муние, кој не играше против Франција заради акумулација на картони, а шанса од првата минута добиваат уште Тилеманс и Чадли.

Алиреза Фагани од Иран е главен судија на „малото финале“, а сите билети се распродадени. 

Состави

Roberto Martinez

3-4-3

    Gareth Southgate

    3-5-2