• Сашо Поповски

Македонскиот претставник во квалификациите за Лига Европа, Академија Пандев, ќе има тешка задача на реваншот во Мостар, против Зрињски.
Босанците имаат предност од три гола и речиси се сигурно пласирани во следната фаза. Тренерот на „пандевци“, Југослав Тренчовски, направи пет измени во првиот тим во однос на оној со кој што започна пред една недела.
Зрињски:
Бркиќ, Ругашевиќ, Гојковиќ, Јаковљевиќ, Баришуќ, Цурјуриќ, Цирјак, Рустемовиќ, Мандиќ, Лендриќ, Станиќ
Академија Пандев:
Алчевски, Илиев, Костов, Димов, Маневски, Темелков, Танушев, Миловановиќ, Стоилов, Дориев, Крстовски
Сашко Пандев остана на клупата за резерви заедно со голманот Чубраковиќ, Атанаскоски, Стојкоски и Томовски.