ПОЧЕТНИ СОСТАВИ: Брозовиќ е изненадувањето на Далиќ, Англија со проверени сили

Селекциите на Хрватска и Англија го играат можеби најзначајниот натпревар во последните децении, откако вечерва ќе се судрат во полуфиналето на Светското првенство во Русија. 

Двете репрезентации имаат историска шанса за пласман на едно финале на Светско првенство, а селекторите Саутгејт и Далиќ ги одредија стартните 11-мина кои ќе истрчаа на „Лужњики“ во Москва. Хрватското изненадување е офанзивецот на Интер, Брозовиќ, а од првата минута шанса доби и „ранетиот“ Врсаљко. Англија не направи ниту една измена во однос на последниот меч со Шведска. 

Дуелот меѓу шампионот од 1966 години и полуфиналистот од Светското првенство во 1998 година започнува од 20.00 часот, а за главен судија е делегиран Турчинот Чакир. 

Состави

Zlatko Dalic

4-2-3-1

    Gareth Southgate

    3-5-2