ПОЧЕТНИ СОСТАВИ: Белгија во суперофанзива против „самураите“

Репрезентациите на Белгија и Јапонија ги одредија стартните состави пред натпреварот кој се игра во рамки на осминафиналето на Светското првенство (СП) во Русија.

Селекторот на „ѓаволите“ Мартинез се реши на офанзивна формација, а во одбранбената линија новост е Винсент Компани кој за првпат ќе стартува на овој Мундијал. Аднан Јанузај, стрелецот на претходниот меч со Англија е на клупата за резерви, но настапот е под знак прашалник поради повреда на коленото.

Јапонија има неколку промени во својот состав и од претходниот меч со Полска, на клупата за резерви се Оказаки, Шибасаки, Јамагучи, Макино и Муто.

Состави

Нема податоци за овој натпревар

Роберто Мартинез

3-4-3

    Hajime Moriyasu

    4-2-3-1