Почетино: Сопствениците на клубот секако дека се разочарани, но ни треба поддршка

Фудбалерите на Челзи одново ги разочараа своите фанови. Тимот предводен од менаџерот Маурицио Почетино освои само пет бода во првите шест кола во Премиер лигата, а фрустрацијата кај навивачите се зголемува. 

Нова епизода во лошите игри на тимот од „Стемфорд Бриџ“ видовме на средбата со Астон Вила, која славеше среде Лондон со 0-1. Менаџерот Почетино побара трпение по натпреварот на „Стемфорд бриџ“.

„Сопствениците на клубот? Секако дека се разочарани. Сепак, во исто време мора да го поддржат нашиот план.

Го имаме тимот што го имаме, но треба да изградиме самодоверба. На играчите им е потребна поддршка за да се претстават добро на теренот. Нашата игра против Астон Вила беше добра, но не одлична - ни недостасуваа голови. Веќе утре почнуваме да се подготвуваме за следниот натпревар кој е закажан за в среда“, изјави аргентинскиот стручњак.

Челзи моментално е 14-ти на табелата во Премиер лигата, а минатата сезона ја заврши на апсолутно разочарувачката 12-та позиција. В среда Челзи го очекува пресметка со Брајтон во Лига Купот, а потоа на втори октомври во Премиер лигата го игра градското дерби кај Фулам.

Состави

Маурицио Почетино

4-2-3-1

    Унаи Емери

    4-2-3-1