Почетино: Прво да ја избистрам главата од Тотенхем, па потоа...

Откако доби отказ од менаџерската функција во Тотенхем, аргентинскиот стратег Маурицио Почетино секојдневно е мета на шпекулации поврзани со неговата иднина. 

Како следни дестинации се споменуваат Арсенал, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Баерн Минхен, а Почетино не сакаше многу да зборува на оваа тема и истакна дека сака да остане во Европа. 

„Има многу клубови и атрактивни проекти за мене, но сега најважно за мене е да ја избистрам главата по петт и пол години минати во Тотенхем, години кои се незаборавни за мене. Цел ми е да се вратам во Европа, затоа што тешко ми е да замислам проект во Аргентина. Немав многу време да ги разгледам сите опции, затоа што прво сакав да се вратам во татковината и да се видам со семејството и пријателите. Наскоро ќе се вратам во Европа и ќе ја донесам одлуката за мојата иднина“, рече Почетино. 

Почетино во својата ера во Тотенхем можеби не успеа да освои некој поголем трофеј, но од просечен тим направи гигант кој во сите натпреварувања цели кон врвот.