Почетино пристигна во Париз, од наредната недела ја започнува работата во ПСЖ

Почетино

Аргентинскиот стручњак Маурицио Почетино конечно дочека да пронајде нов ангажман. Негов предизвик ќе биде ПСЖ, кој неодамна се раздели со германскиот тренер Томас Тухел.

Како што пишуваат медиумите во Франција, 48-годишникот заедно со својот стручен штаб веќе е во Париз. Наскоро се очекува да потпише договор со „принцевите“, а од наредната недела ќе започне со првите тренинзи во новата екипа.

Почетино остана без работа есента 2019 година, кога заработи отказ од Тотенхем. До почетокот на оваа година не се одлучи за никаква соработка, а понудата од ПСЖ не можеше да ја одбие и се шпекулира дека ќе стави потис на соработка до 2023 година.

Налето францускиот првак ќе атакува на трансфер на Серхио Рамос, а веќе се шпекулира дека аргентинскиот стратег ќе тргне и по потписите на Уго Лорис и Кристијан Ериксен, со кои соработуваше во Лондон.

Кариерата на еден од најдобрите тренери на денешницата започна во Еспањол, а потоа го однесе во Саутемптон и Тотенхем.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.