Почетино пристигна во Париз, го претстави – првиот човек на клубот

Маурицио Почетино пристигна во Париз каде стави потпис на договорот со Пари Сен Жермен, а го имаше и првиот состанок со играчите.

На првата средба со тимот на „светците“, Почетино беше заедно со првиот човек на клубот Насер Ел Келафи. Не е пракса првите луѓе на клубовите да се заедно со тренерите на првите собири или прозивки, ама Ел-Келафи реши да дојде со Почетино во знак на поддршка.

Почетино на тренерското столче на ПСЖ седна на местото на Томас Тухел, а ќе добие одврзани раце да изгради тим за да го напаѓа врвот во Лигата на шампионите, нешто што е сон на тимот од Париз.

Првата шанса за трофеј Почетино ќе ја има во Купот, во средината на месец јануари.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.