ВИДЕО: Почетино пред отказ, Тотенхем понижен на гости кај Брајтон

Кризата на Тотенхем продолжи и на денешното гостување кај Брајтон (3-0), на кое го запиша вториот сезонски пораз во Премиер лигата во осум одиграни кола.

Домаќинот максимално ја искористи лошата ситуација во клубот од Лондон и полесно од очекувањата стигна до трите бода. Мечот го одбележа тешката скршеница на раката на Уго Лорис, кој ќе мора да прави долга пауза од фудбалските терени. Францускиот голман беше директен виновник за првиот примен гол, а ништо подобар не беше и неговата замена Газанига.

  • Извештај од натпреварот: 

Францускиот лошо реагираше при еден центаршут и му ја остави топката на Мупе, а потоа Газанига, неговата замена, несигурно одби и му овозможи на Коноли да го зголеми водството на својата екипа.

Истиот фудбалер во вториот дел биеше прецизно по земја за да го постави конечниот резултат и да ја запечати судбината на гостинскиот тим. Меѓу трите гола „петлите“ имаа свои шанси преку Сон и Кејн, но делуваа нелуцидно пред домашниот голман, а во неколку наврати и среќата им го сврте грбот. 

Брајтон со победата побегна од опасната зона, а Тотенхем продолжи да паѓа на лигашката табела. Ова е прв гостински пораз во Премиер лигата, втор по оној од Њукасл во Лондон за екипата на Почетино. Сега несигурна е позицијата на аргентинскиот стручњак кој кошмарно ја заврши својата најлоша недела откако го води Тотенхем.