Почетино носи супер-ѕвезда: Јуве и Тотенхем се договорија, само Дибала треба да каже ДА!

Аргентинскиот репрезентативец Пауло Дибала скоро сигурно заминува од Јувентус, но дали тоа ќе биде во клубот кој тој ќе го одбере или пак ќе му го наметне италијанскиот шампион, ќе дознаеме за неколку дена. Имено, италијанските медиуми пренесоа дека Јувентус и Тотенхем постигнале договор за продажба на Дибала во Лондон за 70 милиони евра.

Дибала пред неколку дена ја одби понудата од Манчестер Јунајтед и пропадна трампата со Ромелу Лукаку. Од Италија се шпекулира дека менаџерот на Дибала побарал астрономска плата само за Јунајтед да се откаже од неговите услуги. Кога е причината Дибала да ја прифати поканата од сонародникот Почетино? 

Клубот од Лондон ќе игра во Лигата на шампионите, ќе му понуди главна улога во проектот и сигурно повисока плата од скоро седум милиони евра колку што заработува во Торино, 

Некои медиуми тврдат дека Дибала ќе ја прифати оваа понуда, а некои се повикуваат на понуда на ПСЖ која го задоволува Аргентинецот и може да ги поремети плановите на Јуве.