Почетино: Немам џојстик во рацете за да водам тим како на PlayStation, ова е вистински фудбал

Пари Сен Жермен славеше минимална победа во дербито со Олимпик Марсеј во последниот натпревар од 32. коло од француската Лига 1.

Парижаните успеаја да стигнат до нови три бода и сега се на чекор од шампионската титула. Марисеј пружи добар отпор на „Паркот на принцовите“, но на крај си замина со празни раце.

Возбудливо беше и на прес-конференцијата по натпреварот, а во центарот на вниманието беше тренерот на домашната екипа Маурицио Почетино. Тој одговори на критиките од јавноста зошто ПСЖ не доминира во сите натпреварувања оваа сезона и објасни зошто не е толку едноставно.

„Немам џојстик во моите раце за да водам тим како овој на „PlayStation“ или „Football Manager“. Ние не играме „PlayStation“ овде, ова е професионален фудбал. Работиме цела недела, тренираме и се подготвуваме за натпреварите.

Многу луѓе мислат дека да го тренираш ПСЖ е како да играш „PlayStation“ или „Football Manager“. Па, не е толку едноставно. Тоа не е реалност. Во реалноста, потребно е многу работа и труд за да се случи нешто, а тоа не може преку ноќ“, рече аргентинскиот стратег.

Головите за ПСЖ ги постигнаа Нејмар и Килијан Мбапе, додека единствен стрелец за гостинскиот тим беше Дује Чалета-Цар.