Почетино: Нема дополнителен притисок, мора да сме смирени

Маурисио Почетино има тешка задача, мора во Манчестер да го надмудри Пеп Гвардиола и неговиот ПСЖ да постигне барем два погодоци за да се надева на финале. Сити има предност од Париз, ја стекна со пресврт и со сигурност нема да се опушти. Почетино повика на смиреност, нагласи дека тоа е единствениот начин да се дојде до финалето. 

„Целта е да не им дозволиме да ја имаат многу топката. Сити е тим кој сака да има посед, но поседува и брза транзиција. Мора да бидеме решителни и агресивни. Потрени ни се два голови, тоа ќе биде тешка битка, но ние сме подготвени. 

Нема дополнителен притисок. Се видов со Пеп на прес-конференцијата и тој и јас сме спремни. ПСЖ нема играно многу полуфиналиња изминатите години. Мора да уживаш, да бидеш релаксиран и да се подготвиш што е можно подобро. Тоа е единствениот начин да стигнеш до финалето“, изјави Почетино.

Сити е поуспешен во меѓусебните пресметки, во 2016 година беше подобар во четвртфиналниот двомеч и победи во Англија, а задачата на парижани во Манчестер ќе биде пеколно тешка.