• Горан Упале

Фудбалерите на ПСЖ против Бриж ја отвораат новата сезона во Лигата на шампионите, во која ќе тргнат со големи амбиции и нов атак на престижниот трофеј.
Француските медиуми шпекулираат дека Маурицио Почетино токму на овој натпревар за првпат оваа сезона ќе стартува со неверојатното напаѓачко трио, составено од Меси, Нејмар и Мбапе.
Аргентинскиот стручњак за УЕФА магазинот призна дека тој не верувал дека ПСЖ ќе може да го доведе Меси во своите редови.
„Не сум вистинската личност да го опишам Меси. Има луѓе кои имаат поголем вокабулар од мене и можеби ќе се обидат да го опишат Меси онака како што го заслужува. Откако дојде во тимот, тој се адаптираше и тренираше со полн капацитет, бидејќи тој сака да биде на своето најдобро ниво што е можно поскоро.
Не верував дека е можно Меси да потпише за ПСЖ, а кога се појави прилика, сè се случи брзо“, рече Покетино.
Меси сè уште нема дебитирано од првата минута во дресот на новиот клуб, за кого одигра само 25 минути на дуелот со Ремс.