Почетино: Мбапе не бараше мое заминување од ПСЖ

Маурицио Почетино, сега веќе поранешниот тренер на Пари Сен Жермен, истакна дека Килијан Мбапе не е тој што побарал негово заминување.

Медиумите шпекулираа дека одличниот напаѓач, кој неодамна го продолжи договорот со парижаните, бил иницијатор на одлуката Аргентинецот да ја напушти клупата на францускиот шампион. Сепак, Почетино ги демантираше тие приказни и истакна дека се одлучиле челниците на клубот.

„ПСЖ направи сè за да го задржи Мбапе и јас целосно се согласив со тоа. Тој е еден од најдобрите играчи во светот. Сепак, Килијан не смисли нов проект во кој немаше место за мене. Така одлучија тие што го водат клубот, а не Мбапе“, изјави Почетино.

Аргентинецот во текот на пролетта, кога беше јасно дека ќе добие отказ од ПСЖ, беше поврзуван со преземање на Манчестер Јунајтед, но раководството на англискиот клуб довербата му ја додели на Ерик Тен Хаг.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.