Почетино ќе смета на Кејн уште на мечот против Барнли!?

Хари Кејн

Одлични вести добија навивачите на Тотенхем во пресрет на дуелот против Барнли за време на викендот.

Најдобриот фудбалер и стрелец на екипата, Хари Кејн, започнал со тренинзи и би можел да се врати на терените уште на овој меч. Англискиот репрезентативец фантастично напредуваше по повредата на 13 јануари за време на дербито против Манчестер Јунајтед на „Вембли“.

Неговото отсуство не влијаеше многу на играта на екипата предводена од Маурицио Почетино. Тимот од Северен Лондон не загуби на ниту еден натпревар во Премиер лигата, а ја совлада Борусија Дортмунд со убедливи 3-0 на првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите.

25-годишниот голгетер оваа сезона одиграл 22 натпревари на кои остварил учинок од 14 погодоци и четири асистенции.