Почетино ќе го убедува Меси со потпишување на негов голем пријател

Агуеро

Маурицио Почетино ја започна кариерата во ПСЖ се реми во домашното првенство. Допрва аргентинскиот стратег ќе се докажува и ќе ја убедува управата дека оправдано се вложени финансиските средства во него и неговите соработници.

Летото ќе биде бурно за сите европски гиганти, со оглед на тоа што на листата слободни агенти ќе биде Лионел Меси. По долги години Барселона би можела да остане без најголемата ѕвезда, која сака освежување во кариерата и промена на играчката средина.

Еден од фаворитите за потписот на фудбалскиот феномен од „Камп Ноу“ е францускиот првак. Се шпекулира дека Почетино ќе се обиде да го убеди својот сонародник со неговите големи пријатели. Еден од нив е Анхел Ди Марија, а вториот ќе биде Серхио Агуеро, кој налето исто така ќе добие можност да ја промени екипата.

Тука ќе биде и Нејмар, кој има посебен однос со својот поранешен соиграч. Единствен услов кој ќе мора Меси да го прифати е пониската плата. Само така парижани ќе останат во рамките на финансискиот фер-плеј.

Ваквиот расплет на настаните сигурно ќе донесе заминување на Мауро Икарди, за кого ќе нема место во ѕвездениот напад на „принцевите“.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.