Почетино доби суспензија од ФА: Нема да го води тимот против Ливерпул

Менаџерот на Тотенехм, Маурицио Почетино, нема да може долго време да го слави новиот триумф на Дортмунд и пласманот на неговата екипа во четвртфиналето во Лигата на шампионите, бидејќи денес ја дозна одлуката на ФА за случајот – Барнли. 

„Спарси“ пред неколку кола во Премиер лигата неочекувано загубија од незгодниот Барнли со 2-1, а по мечот Почетино му се нафрли на главниот судија Мајк Дин, сметајќи дека неговиот тим бил оштетен. 

Па затоа шефот на стручниот штаб на Тотенхем за овој испад пред камерите, си доби суспензија од два натпревари во Премиер лигата и парична казна од 10.000 фунти. Тоа значи дека Почетино нема да може да го води тимот на натпреварите против Саутемптон на 9 март и на 31 против Ливерпул.