Почетино: Играме против еден од најдобрите тимови на светот

Маурисио Почетино со пофални зборови го најави натпреварот на ПСЖ против Манчестер Сити. Според Аргентинецот, неговиот тим ќе игра против еден од најдобрите на светот, па повика на внимателност и концентрација. 

„Резултатот е најважен во фудбалот. Играме натпревар од огромна важност, па потребен е целосен фокус. Секој меч е поинаков. Ќе играме против еден од најдобрите тимови на светот, нашата цел е да победиме и да се натпреваруваме да дојдеме до позитивен резултат. Минатата сезона доминиравме, ама тие погодуваа секогаш кога имаа шанса. Ова е нов натпревар, со поинаков контекст. Мора да правиме шанси и да погодуваме. Ако успееме да победиме одиме понатаму“, изјави Почетино. 

ПСЖ и Манчестер Сити се во директна битка за првото место во групата, а „граѓаните“ имаат бод предност. Домаќинот на „Итихад“ би бил задоволен и со реми,ама познавајќи го Пеп Гвардиола, тешко веројатно е дека Сити нема да напаѓа.