Почетино „фатен“ со претставници на Јунајтед, па изјави: Сакам да се вратам во Премиер

Маурицио Почетино веќе два месеци е без ангажман и секојдневно излегуваа нови шпекулации за неговата иднина. 

Во последниот период е поврзуван со премини во Реал Мадрид, ПСЖ, Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен и уште неколку европски гиганти, но она што може да се потврди е дека аргентинскиот стратег има желба повторно да работи во Премиер лигата. 

„Искрено, сакам да работам во Премиер лигата. Сега сум на одмор, но морам будно да ги следам сите ситуации, затоа што не сакам да бидам неспремен. Во фудбалот може сè да се случи за само една седмица, па затоа морам да бидам подготвен за сè“, рече Почетино. 

Според најавите на британските медиуми тој е најблиску до премин во Манчестер Јунајтед. Истиот ден кога ја даде оваа изјава беше виден во друштво на близок соработник на Ед Вудворд на натпревар во Чемпионшип лигата. 

Дали Манчестер Јунајтед му подготвува исто сценарио на Оле Гунар Солскјер, како она на Луј Ван Гал од пред четири сезони, преостанува да видеме. Тогаш, при крајот од сезоната Јунајтед го договори Жозе Мурињо за нов менаџер на тимот, иако Ван Гал сè уште беше на таа позиција.