ФОТО: Победничко селфи на Шкендија среде Тираспол!

Фудбалерите на Шкендија обезбедија пласман во третото коло на Лигата на шампионите, каде со тимот на Салцбург ќе се борат за место во плеј-офот на Лигата на шампионите.

Избраниците на Ќатип Османи одиграа цврсто, не им дозволија на домаќините да постигнат гол и на крајот сосема заслужено се пласираа во следното коло, а пласманот по завршувањето на натпреварот беше еуфорично прославен во соблекувалната на Шкендија.

Доколку фудбалерите на Шкендија успеат да го минат тимот на Салцбург имаат загарантирано место во групната фаза на Лига Европа, со што во најмала рака би го повториле минатогодишниот успех на Вардар.