Победи на „Сантијаго Бернабеу“ и си замина од клупата на Бетис

Кике Сетиен не е повеќе тренер на шпанскиот учесник во групната фаза на Лига Европа, Бетис од Севиља. По турболентната сезона во која имаше многу негодувања за неговата работа, Сетиен спогодбено ја напушти клупата на „зелено-белите“, иако имаше уште една година од договорот со клубот.

Сетиен е првиот тренер во историјата на клубот кој во иста сезона победил на „Ноу Камп“ и „Сантијаго Бернабеу“, но и тоа не му беше доволно да остане на клупата на Бетис. Оваа екипа следната сезона нема да игра во европските натпреварувања, а тоа е главната вина на Сетиен заради која што заминува.

Кандидати за негов наследник се Чави Хернандез, Јулен Лопетеги и Пабло Мачин.