• Иван Димовски
Македонските прволигаши се подготвуваат за стартот на сезоната кој е закажан за следниот викенд. Поради тоа, голем број клубови ги одиграа „генералките“ пред стартот на сезоната во ПМФЛ.
Гостинска победа запиша скопски Вардар кај Саса во Македонска Каменица од 0-1. Стрелец на единствениот погодок беше новото засилување Џибрил Дианеси во 65. минута.
Тетовска Шкендија одигра нерешени 1-1 против екипата на Феризај од Косово. Со голот на Филип Глигоров косовскиот тим поведе пред одморот, а иако со играч помалку Шкендија успеа да дојде до израмнување со голот на Фитон Адеми.
Убедливи победи запишаа екипите на Силекс против Борец (5-0) и Шкупи против Скопје (4-1). Во дуелот на прволигашите Гостивар го совлада Тиквеш со 2-1, а Воска Спорт слави во градското дерби со Охрид (2-0).