ВИДЕО: Победен најлутиот ривал Ујпешт, Ференцварош и Спировски ја прославија титулата со стил

На најдобар можен начин, со полн стадион, славје и триумф против најлутиот ривал Ујпешт, унгарскиот гигант Ференцварош ја прослави титулата. Синоќа на „Групама стадиум“ во Будимпешта падна Ујпешт со 2-1 (1-1).

Головите за „зелените“ ги постигнаа Варга и Ланзафаме, а Даниел Наџи беше стрелец за поразениот табор.

  • Извештај од натпреварот: 

По завршувањето на средбата започна славјето, а во соблекувалната заедно со соиграчите се радуваше и македонскиот репрезентативец Стефан Спировски. Фудбалерот за врска заради повреда го пропушти последниот дел од сезоната.

Екипата на Сергеј Ребров ја врати титулата на убедлив начин, откако минатата сезона ја загуби во битката со Видеотон на Бобан Николов.

Следната сезона Ференцварош ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите.