ВИДЕО: Победата над Рен даде само лажна надеж, Лион им се врати на навиките во Лига 1

Надежта на навивачите на Лион дека тимот може да се издигне од сопствената пепел до крајот на годината и да продолжи онаму каде што застана во претходното коло од Лига 1 беше премногу краткотрајна. Фудбалерите на поранешниот редовен учесник во Лигата на шампионите, експресно ја расипаа таа радост на единствената досегашна победа и вечерва запишаа пораз од Лил (0-2).

  • Извештај од натпреварот: 

Поранешниот шампион на Франција од Лил во овој дуел влезе со две нерешени средби, а шестиот триумф го обезбеди со головите во 27. и 32. минута. Првиот беше дело на Канаѓанецот Џонатан Дејвид, на додавање на Јусуф Јазичи, а вториот го постигна Тиаго Сантош. Португалецот шутираше од работ на шеснаесетникот, а неговиот прекрасен удар заврши во левиот горен агол од противничкиот гол. 

Со оваа победа Лил одново влезе во водечката четворка во Лига 1, додека Лион останува закован на дното со само една победа, четири реми исходи и дури седум порази.

Домашна победа запиша и Рен против Ремс со 3-1, а Мец и Брест запишаа гостински победи во Лориент и Монпелје.

Состави

Pierre Sage

4-3-1-2

    Paulo Fonseca

    4-1-4-1