• Саше Љолес
Аргентинската фудбалска асоцијација го прогласи 15 јули за Ден на националните фудбалски селекции, со намера овој датум во иднина да ја одбележува победата над Англија во полуфиналето на Светското првенство 2026.
Аргентина во драматичен натпревар славеше со 2-1 и обезбеди место во финалето, каде што беше поразена од Шпанија со 1-0. Средбата во Мексико Сити беше проследена со силни тензии поради долгогодишното ривалство меѓу двете земји.
Со воведувањето на Денот на националните селекции, Аргентина ја продолжува традицијата на одбележување на победите над Англија. Како Ден на фудбалерите и натаму се одбележува 22 јуни, датумот на победата од 2-1 во четвртфиналето на Светското првенство во 1986 година во Мексико.
Претходно, овој празник се одбележуваше на 14 мај, во чест на триумфот од 3-1 против Англија на пријателскиот натпревар одигран во Буенос Аирес во 1953 година.


