Победа започна со подготовки, пролетва се враќа на својот реновиран стадион

Со првиот состанок, а потоа и првиот тренинг, фудбалерите на Победа ги започнаа подготовките за пролетниот дел од првенството на Втората лига - Исток, во кој екипата своите натпревари ќе ги игра на Градскиот стадион „Гоце Делчев“.

Според планот целиот тек од тренажниот процес ќе се реализира во Прилеп а ќе биде поделен во неколку делови, вообичаени за подготвителен период. Од утре се продолжува со по два тренинзи дневно, а во тек е договарање на планираните 5-7 контролни натпревари.

На првата прозивка се појавија и подготовките ги започнуваат сите фудбалери кои настапуваа во есенската полусезона, а клубот е во преговори за заслување на екипата со неколку фудбалери. 

Втората лига продолжува на 27 февруари, кога Победа ќе гостува кај лидерот на табелата Брегалница во Штип.