Победа со три засилувања ги почна подготовките на снегот во Прилеп

Фудбалскиот второлигаш Победа ги започна зимските подготовки. На стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп на снежен терен почнаа тренинзите на овој тим. 

Стојанче Дунимаглоски ги свика своите избраници на првата прозивка. На неа дојдоа и трите засилувања Насаф Шабанов кој е напаѓач и дојде од Новаци, Метин Ќерими и игра по левата офанзивна страна, а дојде од Вардар Неготино. Последното засилување е повратникот во тимот Петар Петроски кој е дефанзивец и пристигна од Слога Виница.

Се очекуваат уште неколку засилувања за поранешниот прволигаш. Што се однесува до заминувањата од клубот си отидоа голманот Антонио Столевски, играчот за врска Давид Дебрешлиоски и напаѓачот Давид Јошески. 

Победа закажа пет пријателски натпревари пред стартот на втората полусезона на 15 февруари.