ПОБЕДА СО ГОРЧЛИВ ВКУС: Македонија У19 остана без елитна фаза за ЕП! (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години забележа триумф над Луксембург во квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2019 година (0-2), но и покрај трите бода, нашите млади фудбалери останаа без пласман во елитната фаза од квалификациите.

На Македонија за елитна фаза ѝ одговараше само триумф над Луксембург и пораз на Хрватска во дуелот со Чешка. Се беше под контрола, нашите надежи водеа со два гола предност, Хрватска губеше од Чесите кои се домаќини, но во 90. минута „коцкестите“ изедначија (2-2) и го расипаа целото славје

Што се однесува до мечот, првиот гол Македонија У19 го постигна во 19. минута кога мрежата на противникот ја стресе Алекс Талески, додека конечниот епилог го постави Енис Фазлагиќ со гол во 82. минута од мечот.

Македонија на мечот настапи во состав Јакимовски, Ивановски, Наумчески, Симоновски, Антовски, Бериша, Фазлагиќ, Талески, Чурлинов, Ферати и Колевски, а од клупата за резерви влегоа уште 

Македонија заврши третопласирана во групата со четири бода, додека Хрватска е место погоре со пет бода. Лидер е Чешка, со седум бода.