Победа се сели во Охрид, ќе ја пречека Ренова на „Атина Бојаџи“

По неколку натпревари на теренот во Кичево на крајот на есенскиот и почетокот на пролетниот дел на ПМФЛ, прилепска Победа има свој нов привремен дом. Имено, последно пласираната екипа на табелата го пријави стадионот „Атина Бојаџи“ во Охрид за домашен терен на натпреварот против Реова во рамките на 23. коло.

Претходно Победа на домашен терен играше во Битола, Турново, Струмица и Кичево. 

Двете екипи се разделени за девет бода, Ренова има 27 бода на шестото место, а прилепчани се последни десетти со 18 бода. 

Заради настапите на македонските репрезентации, колото е поместено за еден ден и наместо в недела, в сабота од 14:30 часот ќе се играат сите пет натпревари од ова редовно коло.

Главен судија на натпреварот ќе биде Јован Качевски од Струга.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Шкендија 79Шкендија 79 23 15 5 3 48:16 32 50
2 Академија ПандевАкадемија Пандев 23 13 3 7 28:17 11 42
3 ВардарВардар 23 12 6 5 26:16 10 42
4 ШкупиШкупи 23 9 6 8 24:22 2 33
5 РаботничкиРаботнички 23 9 4 10 30:33 -3 31
6 РеноваРенова 23 7 9 7 27:27 0 30
7 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 1 23 6 8 9 26:34 -8 26
8 СилексСилекс 1 23 5 9 9 16:28 -12 24
9 БеласицаБеласица 23 4 7 12 17:33 -16 19
10 ПобедаПобеда 23 5 3 15 17:33 -16 18