Победа одигра реми без голови во пријателски меч со Вардар Неготино

Паузата поради репрезентативните обврски, прволигашот Победа ја искористи да одигра контролен дуел за одржување на формата, а противник беше тимот на Вардар Неготино. Мечот игран на теренот со вештачка трева во Прилеп заврши без победник со резултат од 0-0.

За Победа настапија главно играчите со помала минутажа, реконвалесценти и три играчи од помладите генерации. Поблиску до победата според шансите сепак беше второлигашот од Неготино, со оглед на тоа што Чаушев погоди пречка во првото полувреме.

На денешниот меч за Победа настапија: Талески, Срдаровиќ, Мицески, Мегленски, Димитриоски, Илијовски (Златески), Х.Трајкоски, Мустафов, Спиркоски, Дунимаглоски, Петрески (Л.Трајкоски), Здравески (Карапеев).