ВИДЕО: Победа на дебито на Достаниќ, Работнички слави три бода од Струга

Реновираната екипа на Работнички минимално ја совлада Струга Трим Љум на гости со 0-1 (0-1), во првиот натпревар од пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ. Избраниците на Ратко Достаниќ со три бода ја стартуваа мисијата за опстанок во елитното друштво на „Градскиот стадион“ во Струга. 

Средбата стартуваше изедначено со тактичко надмудрување на Беќири и Достаниќ. Цели триесет минути се чекаше на првите возбудувања, бидејќи дотогаш ниту една екипа не се закани посериозно. Сепак, гостите од Скопје извршија притисок на одбраната украдоа топка во опасната зона и следеше нафрлување од крилните позиции. Еден од стоперите на Струга ја пропушти топката, a „романтичарите“ преку младиот Давид Тошевски поведоа (0-1). 

По паузата екипата на Јетон Беќири уфрли во брзина повеќе и ја презеде контролата на играта, но Работнички добро се бранеше. Неколкуте закани кон својот гол, без многу потешкотии ги расчисти Шишковски. Се играше со висок интензитет и тензија, а трпението на играчите беше ниско, па судијата имаше доста работа. 

Скопјани, иако имаа поволен резултат играа активен фудбал, што им дозволуваше на домаќините да организираат неколку контри, кои сепак не вродија со плод. Најзрелата можност Струга Трим Љум ја испушти во 87. минута, кога левиот бек не погоди ниту еден од тројцата осамени соиграчи пред голот на Шишковски. 

Со денешните три бода Работнички останува последен со 18 бода, зад Ренова со 19 и Борец со 20 бодови. Струга Трим Љум е последен тим над опасната зона со 24 освоени поени по 19 кола. 

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 18 10 6 2 28:11 17 36
2 ШкендијаШкендија 1 18 8 4 6 30:13 17 28
3 Академија ПандевАкадемија Пандев 1 18 7 6 5 19:15 4 27
4 СилексСилекс 18 8 3 7 21:20 1 27
5 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 18 6 8 4 21:18 3 26
6 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 18 6 6 6 18:22 -4 24
7 ШкупиШкупи 18 5 7 6 20:21 -1 22
8 БорецБорец 18 5 5 8 14:26 -12 20
9 РеноваРенова 18 5 4 9 17:30 -13 19
10 РаботничкиРаботнички 18 4 3 11 16:28 -12 15