Победа ќе игра против Вардар на „Гоце Делчев“ пред Илинден!?

Прилепска Победа ги одработува подготовките за Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) - Исток, а добри вести доаѓаат од градот, затоа што Градскиот стадион како што изгледа во новата сезона повторно во функција.

Победа долго време беше без дом и се селеше од едно на друго место, ама од денес работата според најавите од Прилеп е поинаква. Теренот на „Гоце Делчев“ е функционален за натпревари, веќе се работи и тренира таму и информациите велат дека некогашниот шампион на Македонија ќе ги игра домашните средби конечно пред својата публика.

Свеченото отворање стадионот „Гоце Делчев“ би требало да го има уште овој викенд, со дуел на Победа против најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар.

Старото прволигашко дерби од пријателски карактер е предвидено да се игра в недела со почеток од 17:30 или 18:00 часот.