• Мартин Танасковски

Фудбалскиот клуб Победа доби нов сопственик со кого се најавуваат подобри денови, а избрано е и новото раководство кое ќе ја води екипата на организациски план во периодот кој следи.
Формиран е нов Управен одбор на Победа, а брои вкупно осум члена, тоа се Јана Мицковска – Попоски, Небојша Стојковиќ, Владимир Мирчески, Сашко Попоски, д-р Весна Неделковска, Димитар Трајков, Горан Зечевиќ и Александар Крстески.
Како прв човек Победа ќе има жена, затоа што на функцијата избрана е Јана Мицковска – Попоски, сестра на сопственикот од Соединетите Американски Држави, Александар Мицковски.
Таа ќе биде втората жена претседател на Победа, по Ирена Јакимовска. Победа во моментов е во долниот дел на табелата во Втората лига, но чекори кон опстанок во друштвото.