• Иван Димовски
Натпреварот меѓу Победа и Вардарски во 11. коло на Втората македонска фудбалска лига започна со минута молк.
Причината за такво нешто беше смртта на клупската легенда на прилепчани, Јове Магдески. На 71-годишна возраст почина еден од најистакнатите играчи во историјата на Победа, а клубот не го заборави и реши да му оддаде почест.
Јове Магдески целата своја фудбалска кариера ја мина во редовите на Победа. Имаше шанси да заигра и за неколку југословенски клубови, но остана лојален на својот клуб. Своевремено беше и аматерски репрезентативец на Југославија.