Победа и Пелистер ремизираа во Прилеп

Македонските второлигаши, Победа и Пелистер се во завршна фаза од подготовките за новата сезона. Пелагониските ривали попладнево одиграа контролен натпревар во Прилеп, кој заврши без победник, со по еден гол во двете мрежи (1-1).

За „зелено-белите“ стрелец на единствениот погодок беше Симеон Христов уште во првата минита, додека за повратникот во второлигашкото друштво стрелаше Талески.

Двете екипи во новата сезона повторно ќе водат битки во ВМФЛ и заедно со Беса и Детонит Плачковица се во потесниот круг за највисок пласман и враќање во елитата.

Новата сезона во ВМФЛ започнува следниот викенд. Пелистер ќе се судри со Беласица, додека Победа ја чека дуел со Тетекс.