Победа го засили тимот, потпиша со Дадет и Акугбе

Повратникот во фудбалската елита на Македонија, екипата на прилепска Победа доведе две нови имиња во тимот.

Амос Губам Дадет е засилување за прилепчани на средината од теренот. Се работи за 22-годишен Нигериец, кој беше дел од словенечки Кршко. Дадет ќе ја зголеми конкуренцијата на средината и се очекува да внесе сигурност и брзина во тимот. 

Покрај него, во тимот пристигна и Амасихоху Џејмс Акугбе. Се работи за уште еден Нигериец со белгиски пасош. Акугбе има исто така 22 години, настапува на позициите во нападот и доаѓа од редовите на УРСЛ, а во минатото беше дел и од Остенде.

Пред Дадет и Акугбе, во Победа пристигнаа уште Јовановски, Делов, Ѓурковиќ, Паноски, Рамани, Хани, Симуновиќ и Коцев.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.