Победа го врати Никола Талески во своите редови

Второлигашот Победа доведе уште еден нов фудбалер во своите редови. Станува збор за 19-годишниот Никола Талески, досегашен напаѓач на струмичка Беласица. Всушност, тој е прилепчанец кој трансфер во струмичка Брера направи пред четири години.

Талески е третиот новодојден фудбалер во Победа. Претходно на клубот му пристапија: 21-годишниот крилен напаѓач Амир Фејзуловски, битолчанец кој досега беше член на второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш и неговиот сограѓанин 20-годишниот Мартин Андоновски, досегашен играч за врска од гевгелиски Кожуф. Од прилепскиот клуб информираат дека преговараат со повеќе фудбалери, па нови се очекуваат и следниве денови.

Тренинзите на поранешниот шампионат по двапати дневно продолжуваат, а првиот пријателски натпревар е на 17 јули со Борец во Прилеп.