Победа го доведе своето четврто странско засилување за ПМФЛ

Фудбалскиот клуб Победа успеа да договори ново име за тимот кој го води Бобан Бабунски. 

Се работи за 19-годишниот Ерик Амо, кој претставува четврти странец во таборот на прилепчани. Претходно клубот се засили со Амасихоху Акугбе Џејмс, Амос Губам Дадет и Огњен Ѓурковиќ. Амо веќе беше дел од тимот на Победа кој гостуваше кај Карбинци во рамките на првото коло на Купот на Македонија кој го добија со 0-6. 

Следниот предизвик за екипата на Бабунски доаѓа во првенството на Македонија. Победа гостува во главниот град на екипата на Работнички.