ВИДЕО: Победа гледа кон Втора лига, Шкупи го освои целиот плен во Кочани

Во рамките на 29. коло од ПМФЛ, на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани, прилепска Победа како домаќин го пречека тимот на Шкупи и на крајот запиша нов пораз (0-3). По денешниот нов неуспех, тимот од Прилеп веќе 15 натпревари не знае за триумф, во кои има само три реми исходи и се посигурно е дека од следната сезона ќе биде дел од Втората лига.

По 0-0 на полувреме, гостите од Скопје во продолжение беа подобар ривал, а тоа го потврдија и со брз гол. Серџо Џуниор, во 50. минута се најде на вистинското место и го матираше голманот на прилепчани (0-1).

Во продолжение тренерот на прилепчани во игра ги внесе Гешоски и Каланоски, но и тие се вклопија во сивилото на тимот, а тоа го искористија гостите и постигнаа нов погодок. Се играше 73. минута, Виктор Ангелов одлично продре по левата страна и со прекрасен удар откосо го матира Тофилоски (0-2).

  • Голот на Виктор Ангелов за водство од 0-2:

По вториот примен погодок, прилепчани се преселија пред противничкиот шеснаесетник, но сите нивни обиди главно беа безопасни по гостинскиот голман. Наместо намалување на негативата, во 83. минута Шкупи одигра одлична акција, која со удар со глава ја заврши Виктор Ангелов (0-3). Во финишот избраниците на Мегленски преку Лука Трајкоски имаа одлична шанса за почесен погодок, но неговиот обид заврши високо над голот.

  • Вториот погодок на Ангелов против Победа за конечни 0-3:

Во следното коло Победа ќе игра на гостински терен против Работнички, додека Шкупи ќе ја пречека Академија Пандев.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ШкендијаШкендија 35 24 7 4 78:26 52 79
2 ВардарВардар 35 17 12 6 44:22 22 63
3 Академија ПандевАкадемија Пандев 35 17 6 12 44:34 10 57
4 РаботничкиРаботнички 2 35 13 7 15 42:47 -5 46
5 ШкупиШкупи 1 35 12 9 14 38:41 -3 45
6 РеноваРенова 1 35 11 11 13 50:47 3 44
7 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 35 11 11 13 42:49 -7 44
8 СилексСилекс 35 10 11 14 25:38 -13 41
9 БеласицаБеласица 35 9 11 15 36:47 -11 38
10 ПобедаПобеда 35 6 5 24 25:73 -48 23