Победа избори осминафинале во Купот на Македонија со тешка победа над Струга Трим Љум

Во претпоследниот меч од првото коло од Купот на Македонија, Победа не дозволи изненадување и ја елиминира екипата на Струга Трим Љум (1-2). Прилепчани постигнаа по еден гол во секое полувреме за да обезбедат пласман во осминафиналето.

Гостите од Прилеп ја крунисаа иницијативата во првиот дел и поведоа во 22. минута. Стрелец на голот беше Јорданчо Наумоски, по пеналот кој беше направен врз Антонио Каланоски.

Во продолжението најпрво домашните фудбалери се вратија во игра и израмнија на стартот од второто полувреме.

Сепак, тимот на Тони Мегленски не го кажа последниот збор и успеа по вторпат да ја затресе мрежата на Николче Симоновски. Киријан Нвабуезе се погрижи да ја израдува својата екипа со погодок на 15 минути до крајот, кој на крај го одлучи победникот.