• Редакција Gol.mk

Второлигашот Победа доведе уште еден нов фудбалер во своите редови. Станува збор за 21-годишниот крилен напаѓач Амир Фејзуловски, битолчанец кој досега беше член на второлигашот Детонит од Радовиш.
Претходно, уште на првиот собир во средата, се приклучи уште еден битолчанец, 20-годишниот Мартин Андоновски, досегашен играч за врска од гевгелиски Кожуф. Од прилепскиот клуб информираат дека преговараат со повеќе млади фудбалери, па нови имиња се очекуваат и следниве денови.
Победа едвај го обезбеди опстанокот во Првата фудбалска лига (ПМФЛ), откако славеше во баражот против Куманово во Ѓорче Петров, И во новата сезона поранешниот шампион ќе игра со исклучително млад ростер на фудбалери.